САЕМ НА КНИГА.МК
Од 17 ноември до крајот на месецот не мораш да го напуштиш своето топло катче за да го искористиш попустот!
Те чекаме на kniga.mk со попусти до 70 %, САЕМСКИ цени, ПОНУДИ што важат не само за сите изданија на ТРИ и на Паблишер туку и за над 15 други издавачки куќи.
Какво и да е времето надвор (без разлика дали сакаш да ги фатиш последните есенски сончеви зраци или да го избегнеш дождот), погрижи се за она што е внатре во тебе. А тоа секогаш бара нови книги!
Актуелни наслови, бесплатна достава за над 1000 денари и мали слатки ИЗНЕНАДУВАЊА.
Есента отсекогаш била наменета за собирање храна (овој пат за душата). Обезбеди си сè што ти е потребно пред да започне зимата. А за еден книгољубец не постои понеопходно нешто од долг список непрочитани книги во домашната библиотека!
Специјални понуди – зашто секој читател има посебно место во нашите срца!