ПРОМОЦИЈА НА „ЕДНОРЕЧЕНИЧНИ“ ОД ВИОЛЕТА ТАНЧЕВА-ЗЛАТЕВА
Нашата лекторка, воедно и извонредна писателка и поетеса Виолета Танчева-Златева, вчера имаше промоција на својата седма прозна книга „Еднореченични“.
Во топол книжевен разговор, книгата ни ја претставија професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и писателките Милена Сиљаноска и Лидија Димковска. Дел од расказите ни прочитаа Пепи Стамков, Марија Велинова, Андреј Медиќ Лазаревски и Ангела Бошкоска, по што следуваше потпишување со авторката.
Целата галерија погледнете ја на нашиот блог: prikazni.mk.
Вашиот примерок од оваа книга во која реченицата, како што напиша Венко Андоновски, е отворена како вселена, можете да го побарате во сите наши книжарници и онлајн на kniga.mk!