Лидија Димковска (1971, Скопје) објавила седум поетски збирки, три романи, еден дневник и една збирка раскази, преведени на бројни јазици. Уредила и четири антологии.
Ги добила наградата за дебитантско поетско дело, двапати наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда за поезија „Петру Крду“, наградата на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот“, Специјалното признание „Европско културно наследство“ за најдобар расказ, словенечката „Чаша на бесмртноста“ за десетгодишен поетски опус, албанско-македонската награда за поезија „Наим Фрашери“, наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“ и други.
Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“, како за поезија така и за проза, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“ и за меѓународната „Балканика“.
Преведува од романски и од словенечки јазик на македонски.
„Единствен матичен број“ е нејзин четврти роман.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам