Магдалена Чапаровска е родена во 1983 г., во Скопје. Во 2005 г. дипломира Општа психологија и советување на Американскиот колеџ во Солун. Во 2009 г. магистрира на Општа психологија и советување на Универзитетот Шефилд во Солун. Нејзината теза ги проучува навиките во исхраната и нивната корелација со самодовербата, перфекционизмот и импулсивноста, кај здравата колеџ-популација во Грција. Во 2012 г. станува семеен советник при Институтот за системска пракса, брак и семејство во Скопје. Исто така, Магдалена Чапаровска е и поборник и активист за правата и благосостојбата на животните.
Пишува од рана возраст, проза и поезија. Учествува на многу литературни конкурси и фестивали. Неколку нејзини дела се опфатени во збирни публикации или пак се достапни во електронските медиуми. Соработува со голем број уметници во изработка на едиторијали. Повеќе од две години е уредник во блогот bidisvoj.mk. Од ноември 2016 г., заедно со уметницата Ивана Пирковска, се јавуваат како автори на експерименталниот истражувачки мултимедијален проект „Циклус/и (+) (-)“. Проектот се изведува во Културно-уметничкиот центар (КИЦ) и е претставен концептуалистички. Преку аудио-видео проекции надополнети со перформанс и интерактивни, ѕидни инсталации, авторките ја истражуваат и прикажуваат врската меѓу единката и општеството, индивидуалното и колективното.
Збирката Еленот слуша виножито е нејзина дебитантска збирка поезија.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам