Богдан-Александру Станеску (1979) е романски писател, есеист, преведувач, издавач (FILB). Познат книжевен критичар на главните романски изданија. Во 2012 дебитирал како поет. Со свои кратки раскази застапен е во повеќе антологии. Добитник е на наградата за проза на списанието „Ateneu“, на наградата на фестивалот за прв роман во Шамбери, Франција, номиниран е за Наградата за литература на Европската Унија. Делата му се преведени на француски, хрватски, унгарски, бугарски и на македонски јазик. Ги превел од англиски на романски јазик: Албeрто Мангел, Џејмс Џојс, Тенеси Вилијамс, Вилијам Фолкнер, Сандра Њуман, Едвард Хирш и Пол Остер. Докторирал романска книжевност во 2012 година и предава на Универзитетот во Букурешт, на одделот за книжевност и креативно пишување.
До сега ги објавил романите: „Детството на Каспар Хаузер“ (2017) кој излезе и на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Антолог“ во 2020 година, романот „Караџале. Изгубеното писмо“ (2019) и „Абраксас“ ( 2022) кој на македонски јазик излезе во 2023 во истото издание. За романот Абраксас, Богдан-Александру Станеску има освоено повеќе национални награди за роман на годината.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам