×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Абраксас

Абраксас

Богдан-Александру Станеску


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Богдан-Александру Станеску
ISBN: 9786082436692
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
700 ден.

Абраксас е мистичното име на контрадикторниот бог кој ги отклучува вратите на собите со огледала кои ја разобличуваат реалноста во која живее главниот лик на романот, Мики Луческу. 

Живеејќи осамено и сиромашно во изнајмена соба на едно поткровје, Мики одеднаш го понесуваат сеќавањата инспирирани од влезот и ходниците на станбената зграда од неговото детството. Во тоа чудно здание чувано од два камени лава живеел заедно со неговата мајка – сликарка и силна жена која била олицетворение на силата на природата. Мики почнува да ги отвора сите единаесет станови од зградата, но секогаш наместо во стан, влегува во некое старо кино, каде што гледа филмови во кои тој истовремено е и гледач и протагонист во филмот на сопствениот неуспех и самоуништување. Епизодите се одвиваат во различни точки на времето и просторот, почнувајќи од темните времиња на крстоносната војна на Фредерик Барбароса до постапокалиптичната визија на поплавенииот Букурешт, минувајќи низ Виена на Јаков Леви Морено, Париз на Илари Воронка и низ Њујорк на Делмор Шварц. Од сите овие парчиња, некои јасни, други заматени, полека, но сигурно ја составува душата и карактерот на главниот лик во романот, Човекот. Затоа што Абраксас е и светлина и темнина, и живот и смрт, а во исто време е и љубов и нејзино уништување. Тој е целиот свет.

Богдан-Александру Станеску

Богдан-Александру Станеску

Богдан-Александру Станеску (1979) е романски писател, есеист, преведувач, издавач (FILB). Познат книжевен критичар на главните романски изданија. Во 2012 дебитирал како поет. Со свои кратки раскази застапен е во повеќе антологии. Добитник е на наградата за проза на списанието „Ateneu“, на наградата на фестивалот за прв роман во Шамбери, Франција, номиниран е за Наградата за литература на Европската Унија. Делата му се преведени на француски, хрватски, унгарски, бугарски и на македонски јазик. Ги превел од англиски на романски јазик: Албeрто Мангел, Џејмс Џојс, Тенеси Вилијамс, Вилијам Фолкнер, Сандра Њуман, Едвард Хирш и Пол Остер. Докторирал романска книжевност во 2012 година и предава на Универзитетот во Букурешт, на одделот за книжевност и креативно пишување. 

До сега ги објавил романите: „Детството на Каспар Хаузер“ (2017) кој излезе и на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Антолог“ во 2020 година, романот „Караџале. Изгубеното писмо“ (2019) и „Абраксас“ ( 2022) кој на македонски јазик излезе во 2023 во истото издание. За романот Абраксас, Богдан-Александру Станеску има освоено повеќе национални награди за роман на годината.

Види повеќе