×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ахиловата песна

Ахиловата песна

Мадлин Милер


Издавач: ТРИ
Автор: Мадлин Милер
ISBN: 9786082307824
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
500 ден.

Грција во старо време на богови и јунаци.

Поради едно случајно убиство, осамениот принц Патрокле е прогонет на дворот на кралот Пелеј и неговиот син Ахил. Така им се вкрстуваат патиштата и меѓу нив се раѓа нераскинливо пријателство. Додека растат и се воспитуваат во различни вештини, нивното другарство се продлабочува – и покрај противењето на Ахиловата мајка, суровата морска божица Тетида. Но веста за грабнувањето на убавата Елена го прекинува идиличниот живот и го обновува пророштвото дека само Ахил може да ја реши војната за нејзино враќање. Раскинат помеѓу љубовта и стравот, Патрокле тргнува со Ахил кон Троја, не знаејќи дека тие години ќе стават на проба сѐ што им е важно.

Потресна и волшебна верзија на Тројанската војна, болна приказна за љубовта, но и за непомирливата борба меѓу боговите и кралевите, спокојот и честа, бесмртната слава и човечкото срце. „

Фантастично живописна и уверлива верзија на една од најлегендарните љубовни приказни.“ Ема Донахју

„Мадлин Милер со голема имагинација и стручност ги оживува впечатливите случувања во стара Грција. Освојува сосем нова територија прераскажувајќи ја една од најстарите приказни на светот – за мажите во љубовта и војната, но и за извонредните жени.“ -Паблишерс викли

„Роман што се чита поради неговите квалитети, но ако притоа ги инспирира читателите да им се вратат на Хомер и неговите наследници, треба да му се припише и таа заслуга.“ Вашингтон индипендент ривју оф букс

Мадлин Милер

Мадлин Милер

Мадлин Милер е современа американска романсиерка и есеистка. Родена е на 24 јули 1978 година, во Бостон. Пораснала во Њујорк и Филаделфија. Дипломирала и магистрирала класични јазици на Универзитетот „Браун“, по што предавала латински, грчки и делото на Шекспир во средно училиште. Потоа една година студирала социологија на Чикашкиот универзитет, а во 2009–2010 г. магистрирала драматургија и театарска критика на „Јејл“. Од 2012 година предава на „Кембриџ“.

Нејзиниот прв роман „Ахиловата песна“ (2011) ја доби наградата „Оринџ“ за литература, беше бестселер на „Њујорк тајмс“ и во меѓувреме е преведен на триесетина светски јазици. Романот „Кирка“ (2018) ги доби наградата „Гудридс чојс“ и наградата на Независните книжарници на Америка за 2019 година, и исто така бележи рекордни продажби и е преведен на повеќе јазици. Во 2019 година Мадлин Милер ја доби наградата „Алекс“.

Есеите на Милер се објавувани во повеќе весници и списанија, како што се „Гардијан“, „Волстрит џурнал“, „Вашингтон пост“, „Телеграф“ и други.

Види повеќе