×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Верзијата на Барни

Верзијата на Барни

Мордекај Ришлер


Издавач: ТРИ
Автор: Мордекај Ришлер
ISBN: 9786082303659
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
500 ден.

Верзијата на Барни е роман напишан во вид на мемоари на главниот јунак Барни Пановски кој со многу хумор и човечка топлина раскажува за својот живот исполнет со интриги чудни пријателства предавства луксуз и загуба. Романот го води читателот на незаборавно патување во Париз во педесеттите години на XX век а подоцна и низ улиците на Монтреал Њујорк и Торонто следејќи го возбудливиот живот на Барни. Тој на својот типично шеговит начин раскажува за своето семејство за своите три жени и трите деца за многубројните пријатели и непријатели... Но во средината на целата приказна се наоѓа и мистеријата поврзана со убиството на неговиот најдобар пријател за кое тој е единствениот обвинет...

Верзијата на Барни е најпознатиот бестселер на канадскиот писател Мордекај Ришлер. Според сценарио напишано од самиот автор, во 2010 година е снимен истоимен филм кој, исто како и книгата, се смета за современа класика.

Мордекај Ришлер

Мордекај Ришлер

Мордекај Ришлер (1931–2001) е еден од најзначајните автори во современата канадска литература. Работел како новинар, а подоцна почнал да пишува раскази, романи, патописи, есеи, филмски сценарија и проза за деца. Неговите дела на специфичен начин го отсликуваат канадското современо општество, особено задржувајќи се на релациите помеѓу англофонската и франкофонската заедница, а исто така и на многубројната еврејска имиграција во Канада.

Ришлер е автор на десет романи, помеѓу кои како највпечатливи се издвојуваат: Учењето на Дади Кравиц (1959), Џошуа тогаш и сега (1980), Соломон Гарски беше овде (1989) и Верзијата на Барни (1997). Дел од своите романи Ришлер ги адаптирал во филмски сценарија и според нив се снимени неколку успешни холивудски филмови.

За неговите дела, Мордекај Ришлер е добитник на најголемите книжевни признанија на Канада.

Види повеќе