Писателка, сликарка, тренер за креативност... Креативноста е црвената нишка во животот на Рафаела Жордано. Откако дипломирала на Високата школа за применета уметност, неколку години со љубов ја култивира својата страст кон зборовите и концептите во различни агенции за комуникација во Париз, а потоа ја создава сопствената креативна агенција за личен тренинг. Што се однесува до психологијата, за неа се заинтересирала уште од рана младост, се обучувала и дипломирала во повеќе дисциплини и тоа ѝ станува втора специјалност. Така, нејзините први книги нудат еден апсолутно нов, креативен пристап кон личниот развој, како врз основата, така и врз формата: „Тајните на доктор Колцен“, „Мојот бележник за тренинг 100 % среќа“, „Решив да бидам зен“... Со својот прв роман, „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“, се посветува на една тема што ѝ е особено драга: умешноста да се промени сопствениот живот за да се пронајде патот за добро лично чувство и за среќа. рутинологијата? Откако заклучила дека постојано расте бројот на лица што имаат сѐ за да бидат среќни, а никако не успеваат навистина да го постигнат тоа бидејќи се жртва на хронично нерасположение, Рафаела смислува едно ново занимање. Ни психолог ни личен тренер, рутинологот е стручњак за поддршка во умешноста одново да се најде изгубената среќа!
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам