Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Сатиричниот роман Јас Тито и Мики Маус е без конкуренција во овој жанр во македонската современа литература.
Приказната се случува во едно мало селце на Балканот каде што повремено доаѓа некакво заталкано патувачко кино кое, најчесто, прикажува само цртани филмови. Соживувајќи се со филмовите, луѓето, особено старците и неколкуте деца што живеат во местото, постепено почнуваат да се идентификуваат со јунаците на цртаните филмови, а фикцијата полека се меша со реалноста, па веќе не се знае што е фикција, а што реалност. Притоа разградувањето на стварноста од нејзините банални стандарди и стереотипи, било историски, било граѓански, било семејни, е изведено исклучително успешно со еден инвентивен хумор и разорна иронија, коишто, во крајниот ефект, всушност се катарзични, здрави и исцелителни.
Приказната блика од хумор и сатира која брилијантно, на крајно инвентивен литерарен начин, ја демистифицира балканската митоманија, потврдувајќи го уште еднаш раскажувачкото мајсторство на Блаже Миневски како врвен македонски прозаист.
Романот Јас, Тито и Мики Маус е мајсторска проза за чудесното опредметување на недофатливата реалност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам