| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Од град можеш да избегаш, но од крвта не се бега.
Близначките Винс мислат дека можат да избегаат и од едното и од другото. Стела и Дезире растат во малото гратче Малард. Во детството неразделни, откако ќе избегаат во големиот град нивните животи тргнуваат во поинакви насоки, со различни семејства, заедници и ставови за расниот идентитет. Стануваат два различни света.
По многу години, едната сестра се враќа со својата црна ќерка во родниот град, а другата половина, Стела, влегува во светот во кој не припаѓа – нејзиниот бел маж не знае ништо за нејзиното минато. Но дури и одвоени со километри и со многу лаги, судбините на близначките остануваат испреплетени. Што ќе се случи со следната генерација кога ќе се вкрстат приказните на нивните ќерки?
Зафаќајќи ги темите за двојните стандарди во идентитетските и национални разлики, од Длабокиот Југ до Калифорнија од 1950 до 1990 година, Брит Бенет создава емотивна приказна за семејството и за американската историја.
„Половината што ми недостига е роман на годината, речовит нов влез во книжевноста преку најсуштествените теми за идентитетот.“ Тајм
Брит Бенет (1989) е американска авторка која стекна светска слава со својот роман „Половината што ми недостига“.
Родена е во Јужна Калифорнија, каде што и се школувала. Дипломирала на Универзитетот Станфорд, а на Универзитетот во Мичиген магистрирала во областа на убавите уметности.
Досега има објавено два романа, „Мајката“ („The Mother“) во 2016 г. и „Половината што ми недостига“ („The Vanishing Half“), во 2020 година, во кои зборува за родниот град, иселувањето, идентитетот и расизмот.
Нејзиниот дебитантски роман беше бестселер на „Њујорк тајмс“, а стигна и до финалето на две големи награди – наградата „Џон Леонард“ за најдобар роман што ја доделува Националниот кружок на книжевни критичари, и наградата „Роберт В. Бингам“ за дебитантски роман што ја доделува Американскиот ПЕН-центар.
Вториот роман, веднаш по објавувањето во 2020 година, стигна на врвот на бестселери на „Њујорк тајмс“, беше прогласен за една од најдобрите книги на годината и стана финалист за Женската награда за уметничка литература.
Освен по романите, Бенет е препознатлива и по своите есеи, кои ги објавува во „Магазин“, „Париз ривју“ и „Језебел“. Првиот есеј за „Језебел“, насловен како „Не знам што да правам со добрите белци“, за само три дена имал неколку милиони прегледи.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам