×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Ана Аврамовска


Ана Аврамовска е родена во 1991 година, во Куманово. Животниот пат ја носи на друг континент. По студирањето на Универзитетот во Викторија, започнува да работи во Канал 7 (Channel 7) во Сиднеј, на ТВ-шоу. Работејќи со истакнати и креативни луѓе, писатели и уредници, се инспирирала да ја насочи својата кариера кон издавачкиот свет.

Се стекнала со две магистратури на Универзитетот за уметност во Сиднеј – во областа на лингвистиката и по англиски јазик – каде што во 2017 година е наградена за натпросечен успех, најдобар во генерацијата.

Поседува сертификат за предавање англиски јазик од Универзитетот на Кембриџ, а на Универзитетот во Мелбурн има магистрирано на Одделот за креативно пишување, објавување и уредување.

Во нејзиното работно искуство се вбројува и уредувањето за Кели Смит, а меѓу освоените награди стои и наградата за поезија од „Ред рум поетри“ (Red Room Poetry).

Во моментов работи како консултант и уредник во образовната институција Академија „Џенерејшен Аустралија“ (Generation Australia), а врската со македонските портали ја одржува со платформата „Медуза“, бидејќи потесен предмет на интерес ѝ се дигиталната ера, еко-критиката и феминизмот.

Објавува поезија и проза на повеќе портали. „Водни тела“ е нејзин прв роман.