Шо Ишида е современа јапонска романсиерка. Родена е во 1975 година, во префектурата Кјото. По завршување на средното образование се вработила во една финансиска компанија, а подоцна во компанија за телекомуникации, додека во слободното време почнала да пишува романи. Дебитирала во 2014 година, кога нејзиниот роман
Учител за домати во Јапонија бил прогласен за најдобар љубовен роман. Нејзини други значајни дела се серијата Кафуле за кучиња: Ав-ав ноар, Ја чувам мачката на мојот бивш дечко и Ноќ во чудесната зоолошка градина.
Нејзиниот роман Ќе ви препишеме мачка од 2023 година брзо стана меѓународен бестселер и доби низа позитивни критики и осврти. Ќе ви препишеме уште една мачка е втората книга од серијата, што исто така брзо стана популарна, по што следуваaт уште три романи од овој серијал, од кои последниот е насловен како Добредојдовте во клиниката за мачки „Кокоро“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам