| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Докажано е дека мачките имаат терапевтско дејство, исто како и книгите
Сместена во стара зграда на крајот од една уличка во Кјото, Клиниката за душата „Кокоро“ можат да ја пронајдат само луѓето на кои навистина им е потребна. Ним таинствената клиника им нуди автентичен третман: им препишува мачка наместо лекови. Пациентите се збунети од несекојдневниот рецепт, но преку одговорноста за милото животинче, по некое време доживуваат длабоки промени и откриваат една своја нова верзија – подобра, похрабра и поемпатична.
„Ќе ви препишеме мачка“ е топла приказна за мистичната врска меѓу луѓето кои бараат лек за својата осаменост, неразбраност и отуѓеност и мачките, кои им ја враќаат вербата во смислата на животот. Додека пациентите се соочуваат со своите внатрешни борби, мачките ги водат кон исцелување осветлувајќи им го патот кон нова надеж.
Роман кој прераснува во прекрасен животен водич за тоа како да се справите со секојдневните проблеми, да се издигнете над предизвиците, да го забавите темпото и да се погрижите за себе и за своите блиски. Потсетете се дека понекогаш решението е многу едноставно: можеби ви е потребна само мачка.
Шо Ишида е современа јапонска романсиерка. Родена е во 1975 година, во префектурата Кјото. По завршување на средното образование се вработила во една финансиска компанија, а подоцна во компанија за телекомуникации, додека во слободното време почнала да пишува романи. Дебитирала во 2014 година, кога нејзиниот роман
Учител за домати во Јапонија бил прогласен за најдобар љубовен роман. Нејзини други значајни дела се серијата Кафуле за кучиња: Ав-ав ноар, Ја чувам мачката на мојот бивш дечко и Ноќ во чудесната зоолошка градина.
Нејзиниот роман Ќе ви препишеме мачка од 2023 година брзо стана меѓународен бестселер и доби низа позитивни критики и осврти. Ќе ви препишеме уште една мачка е втората книга од серијата, што исто така брзо стана популарна, по што следуваaт уште три романи од овој серијал, од кои последниот е насловен како Добредојдовте во клиниката за мачки „Кокоро“.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам