×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




1Q84 (Книга 2)

1Q84 (Книга 2)

Харуки Мураками


Издавач: ТРИ
Автор: Харуки Мураками
ISBN: 9786082300610
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
500 ден.

Ако во светот нема љубов сè е илузија и имитација

Во вториот том Аомаме и Тенго со невообичаено испреплетените околности ги потврдуваат своите сомневања дека се наоѓаат во друго време - во годината 1Q84 - од кое не можат да се вратат назад во 1984 година и во своето реално време. Нивната љубов иако создадена само со еден стисок на рака во детството е единственото вистинско и реално во романот. Таа е двигател на сите збиднувања и јакне наспроти нивната раздвоеност а тие сè повеќе и повеќе се приближуваат еден кон друг.

Во ова продолжение, Мураками продлабочено се занимава со философски теми, со односот помеѓу доброто и злото, вината и казната и, пред сè, со смислата на животот, стравот од смртта, жртвувањето, но и со семејните врски и, неизбежно, со љубовта.Познат во Јапонија (заради тоа честопати критикуван) како писател што внесува премногу западна традиција во своите романи, Мураками оваа приказна за универзалните теми заеднички за целиот свет, ја бојосува повеќе од кога и да е порано со источната философија и со јапонскиот начин на живеење, особено со кујната, чии состојки нè замелушуваат на секоја страница.Продолжува во третиот дел...

Харуки Мураками

Харуки Мураками

 Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски писатели, е роден во Кјото (Јапонија) во 1949 година. Мураками е култна фигура на современата литература, особено значаен за постмодернизмот и магичниот реализам на новото време. Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, најзначајната меѓународна награда за овој жанр – наградата за кратка проза „Френк ОКонор“, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.

Досега ги објавил романите: Флипер (1973), Слушај ја песната на ветрот (1979), Авантура околу овцата (1982), Сварена земја на чудата и пропаста на светот (1985), Норвешка шума (1987), Играј, играј, играј (1988), Јужно од границата, западно од сонцето (1992), Хроника на птицата што го навива часовникот (1994), Спутник љубов (1999), Кафка на брегот (2002), Длабоко во ноќта (2007), 1Q84 (2009), Убиството на командантот (2017); книгите со раскази: Повторен напад на пекарницата (1993), По потресот (2000), Прво лице еднина (2021), документарната книга Метро (1997/98) и во областа на нефикцијата, во 2007 ги пишува своите мемоари за трчањето – За што зборувам кога зборувам во трчањето (2007).

На јапонски ги преведувал Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Селинџер и други американски писатели, а неговите ракописи се преведени на над педесет јазици. По повеќегодишни периоди поминати во Америка и Европа, сега живее во Јапонија, а работи како професор-гостин на Универзитетот Принстон, Тафтс и Харвард.   

Види повеќе