Ернесто Сабато е роден на 24 јуни 1911 година, во Рохас, мало место блиску до Буенос Аирес. Тој е аргентински писател, физичар и сликар. Има напишано три романи: „Тунел“, „Херои и гробови“ и „Абадон, уништувачот“. Покрај романите, пишувал и есеи: „Човекот и универзумот“, „Луѓе и запченици“, „Писателот и неговите духови“ и други. Ја има добиено престижната награда за литература „Мигел де Сервантес“ во 1984 година. Во 2000 го објавува есејот „Отпор“, а во 2004 година „Шпанија во дневниците на мојата старост“. Умира на 30 април 2011 година, 55 дена пред да наврши 100 години, во Сантос Лугарес.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам