×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Абадон, Уништувачот

Абадон, Уништувачот

Ернесто Сабато


Издавач: ТРИ
Автор: Ернесто Сабато
ISBN: 9786082304168
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
500 ден.

Абадон уништувачот ја затвора трилогијата започната со Тунел а следен од Херои и гробови. Развивајќи ја во својот најширок регистар метафората на Извештајот за слепите овој необичен и длабок роман го вметнува Ернесто Сабато во амбиентот на текстот и го вклучува како лик во една комплексна техничка конструкција чија игра на перспективи нѐ враќа воедно во реалноста на едно време на апокалипса и на душевните јами во кои нурка визионерската моќ на создателскиот чин. На тој начин на врвот на својата грандиозност ова сеопфатно опширно дело кулминира и ги има во себе сета сабатовска уметност и длабочината на неговото егзистенцијално истражување.

Абадон, уништувачот е награден во Париз како најдобра странска книга објавена во Франција во 1976 година. „Величествено дело, вовед во кралството на демоните што се во нас и надвор од нас.“ Ди велт

„Сабато е импресивен писател.“ Ла стампа

Ернесто Сабато

Ернесто Сабато

Ернесто Сабато е роден на 24 јуни 1911 година, во Рохас, мало место блиску до Буенос Аирес. Тој е аргентински писател, физичар и сликар. Има напишано три романи: „Тунел“, „Херои и гробови“ и „Абадон, уништувачот“. Покрај романите, пишувал и есеи: „Човекот и универзумот“, „Луѓе и запченици“, „Писателот и неговите духови“ и други. Ја има добиено престижната награда за литература „Мигел де Сервантес“ во 1984 година. Во 2000 го објавува есејот „Отпор“, а во 2004 година „Шпанија во дневниците на мојата старост“. Умира на 30 април 2011 година, 55 дена пред да наврши 100 години, во Сантос Лугарес.

Види повеќе