Васја Мицковски е роден на 30 март 2007 година, во Скопје. Основно образование завршил во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош, Скопје, како еден од најистакнатите ученици на генерацијата. Моментално учи четврта година во Гимназијата „Орце Николов“, каде што активно учествува во Драмскиот клуб; за неговите потреби има напишано четири драми кои се изведувале во училиштето, но и во неколку театри (МКЦ – Кино „Фросина“, Драмски театар и Македонски народен театар).
Во февруари 2024 година ја издал филозофско-психолошката повест Апокалипса на младиот роб, поетичен прирачник за животот.
Учествувал на многу литературни конкурси и освоил повеќе регионални, три државни и две меѓународни награди за прозни дела. Во 2020 г. освоил второ место на Меѓународниот литературен конкурс организиран од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, а во 2021 година ја освоил првата награда на истиот конкурс. Во 2024 и во 2025 година е награден за најдобра песна од млад автор на конкурсот за необјавена песна во чест на Анте Поповски, „Антево слово“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам