| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Уметниците живеат за да го пронајдат времето. Но него го нема. Времето е секавица!
Што се крие зад темнината? Во каква боја уметникот Фјодор Вјаземски ја потопува четката за да го наслика животното платно?
Во оваа книга се крие цел еден живот. Приказна раскажана на самиот заод на Фјодор, во мигот кога вообичаено се води последната битка со илузиите.
Раскажан во прво лице еднина, овој роман е посветен на уметноста во време кога е осудена на прогон, кога се смета за „луксуз“ и не е сигурно дека ќе опстои дури и во музеите, тие ризници на спомените. Изложувајќи се на бесот на протестантите поради својот бунтовен новинарски напис во заштита на уметноста, Фјодор мора да го спасува голиот живот. Ги напушта родниот дом и мајка си и со тешко срце заминува за Париз, каде што успева да се вработи како библиотекар. Еден ден ненадејно налетува на својата младешка љубов Олга – средба што ќе го разбие монотоното секојдневие и ќе означи вистински пресврт во неговиот живот...
„Чудесно е чувството кога ќе се наиде на дебитантско дело со високи уметнички вредности. Васја Мицковски напишал раскошен роман за љубовта и убавината, за нераскинливото пријателство со сите бои во природата и во животот. Златно камче во мозаикот на уметноста, единствената која може да го победи времето.“
Виолета Танчева-Златева
Васја Мицковски е роден на 30 март 2007 година, во Скопје. Основно образование завршил во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош, Скопје, како еден од најистакнатите ученици на генерацијата. Моментално учи четврта година во Гимназијата „Орце Николов“, каде што активно учествува во Драмскиот клуб; за неговите потреби има напишано четири драми кои се изведувале во училиштето, но и во неколку театри (МКЦ – Кино „Фросина“, Драмски театар и Македонски народен театар).
Во февруари 2024 година ја издал филозофско-психолошката повест Апокалипса на младиот роб, поетичен прирачник за животот.
Учествувал на многу литературни конкурси и освоил повеќе регионални, три државни и две меѓународни награди за прозни дела. Во 2020 г. освоил второ место на Меѓународниот литературен конкурс организиран од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, а во 2021 година ја освоил првата награда на истиот конкурс. Во 2024 и во 2025 година е награден за најдобра песна од млад автор на конкурсот за необјавена песна во чест на Анте Поповски, „Антево слово“.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам