×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Магот од Кремљ

Магот од Кремљ


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 216
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Џулијано да Емполи
ISBN: 9786082309415
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
450 ден.

Животот е комедија. Треба да се одигра сериозно.

Го нарекуваа „магот од Кремљ“. Пред да стане сива еминенција на Путин, загадочниот Вадим Баранов бил режисер и продуцент на ријалити ТВ-програми. По оставката на местото политички советник, приказните за него се множат, но никој не може да го одвои лажното од вистинитото. Сè додека една ноќ не му ја довери својата приказна на нараторот на оваа книга.

Овој возбудлив роман нè води во јадрото на руската моќ, каде што дворјани и олигарси водат постојана војна. И каде што Вадим, главниот режимски доктор за спинови, ја претвора целата земја во политички театар во кој единствената стварност е исполнување на желбите на „Царот“. Но Вадим не е болно амбициозен: вовлечен во сè помрачните тајни на системот во чие создавање и самиот учествувал, тој поет заталкан меѓу волци ќе стори сè за да се извлече од него.

Откривајќи ја валканата страна на Путиновата ера, романот нуди возбудлива слика за фасцинацијата од злото и од моќта. Од војната во Чеченија, преку Олимписките игри во Сочи, до кризата во Украина, „Магот од Кремљ“ е голем роман за современа Русија.