×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Јордан Николов


Јордан Николов е роден на 16.12.1975 во Битола. По завршувањето на средното училиште се запишува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  на катедрата за Општа и компаративна книжевност.

Во 2002 и 2003 добитник е на откупната награда на конкурсот на краток расказ во „Студентски збор“ – Скопје.

Во периодот од 2001 – 2010 објавува куси раскази и колумни во битолскиот неделник „ЕГО“.

Од 2007 – 2012 е вработен како книжар во скопската книжарница „Икона“  (огранок во Битола).

Во 2009 излегува од печат (а во издание на „Икона“) неговиот превод од англиски јазик на „48 закони на моќта“ од Роберт Грин.

Во 2017 автор е на неколку приказни за деца на англиски јазик за www.pickatale.com.

Во истата година (2017) во склоп на фестивалот „Скопје Креатива“ ја објавува дебитантската збирка раскази „Играчките на д-р Бре“ со вклучено це-де со негова авторска музика.

Во 2022 излегува од печат неговата втора збирка раскази „ОбојОбојОбој“ преку издавачката куќа „Арс Ламина“.