×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Промилите на Конзулвил

Промилите на Конзулвил


Издавач: Паблишер
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2025
Број на страници: 180
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Јордан Николов
ISBN: 9786085021246
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
300 ден.

Необичен, оригинален, збунувачки, шокантен до крајни граници!

Промилите на Конзулвил е редок роман какви што се појавуваат еднаш во неколку децении – слоевит, полифоничен и полисемичен, со комплексна и вешто изведена структура. Тој е богата ткаенина од созвучја зачинети со псевдоцитатност, иронија и корозивен хумор кон стварноста што ја живееме на Балканот.

Николов смело експериментира со жанровите и со сфаќањата за музиката, книжевноста, животот, дури и ако тоа значи прекинување на наративниот тек. Целиот роман е еден радикален експеримент во кој дури и белината, отсуството на каков било текст, е означена како речовито присуство во самото финале.

Борба за спас на книгите и плочите, расправа за значењето на Светото писмо и за најдоброто кафе во Градот на конзулите, патувања низ времето, урнебесни персонални варијации на вечниот Ананандранандра, посета на Хесе на Македонија и перформанс на Марина Абрамович во село Магарево... Овој бравурозен роман ги обединува сите времиња за да ни го растајни единственото можно – нашето, сегашното.