×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кула на ридот

Кула на ридот

Митко Маџунков


Издавач: ТРИ
Автор: Митко Маџунков
ISBN: 9786082302263
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Симболично богато со слоеви сложено и загадочно пред нас е дело што во иднина несомнено ќе биде читано и толку- вано на разни начини и што со време ќе добива во смисла и значења. - Влада Урошевиќ


Со овој роман Маџунков суверено ја брани репутацијата што веќе ја стекна во книжевната јавност. Тој владее со јазикот и нарацијата, приврзаник е на префинета стилис- тика, прецизна дескрипција и култивирана, на моменти орнаментално брилијантна синтакса. Тоа е писател од култура во најширокото значење на зборот. - Сава Пенчиќ

Основната вредност на овој роман и е во тоа што конкре- тниот живот на Ридот се укажува и како основен симбол на романот. - Марко Недиќ

Романот претставува амбициозно заснована и успешно реализирана парабола за историската судбина на балкан- ските народи, а пред сè на македонскиот народ. - Чедомор Мирковиќ

A major work of mounting tension beautifully imagined and crafted. Its brilliance of style makes it the best book ever written in Macedonian. It is a masterpiece of world magic realism. - Dragi Mihajlovski

 

Митко Маџунков

Митко Маџунков

Митко Маџунков е македонски романописец, раскажувач, драмски автор и есеист. Митко Маџунков е роден во Струмица на 19 март 1943 година. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на групата светка книжевност со теорија на книжевноста. По дипломирањето, тој останал да живее во Белград и долго време работел како библиотекар-советник во Библиотеката на град Белград, каде што се пензионирал. Во 1970 година станал член на Здружението на писатели на Србија, од 1986 година е член на Друштвото на писателите на Македонија, а исто така, тој е член на Друштвото на независни писатели. Во 2006 година, Маџунков се преселил во Македонија. Во 2003 година бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав, а во 2007 станал редовен член на МАНУ.

Својот пробив на литературната сцена Маџунков го постигнал во Белград и долго време бил потценет во Македонија. Сепак, подоцна, таа неправда била исправена и, како признание на високиот квалитет на неговата проза, Маџунков бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Основна одлика на творештвото на Маџунков е епскиот карактер на неговите романи. Неговите романи се големи по обем при што тие се испреплетуваат помеѓу себе. Оттука, некои главни и епозодни ликови се провлекуваат во повеќе негови романи. Притоа, во изборот на ликовите и ситуациите, Маџунков често внесува автобиографски елементи. Тој пишува во манирот на јужноамериканскиот волшебен реализам, т.е. во неговите дела провејуваат чудни настани, необјасниви случки, необични ликови итн. Сепак, многу често во неговите дела се вметнати ликовите, местата и легендите од струмичкиот крај.

Види повеќе