| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Стравот не е изговор.
Некогаш е доволен само еден миг за да се промени целиот живот. Или да заврши. Како што се случува со 16-годишната Фин Милер, додека нејзиното семејство се бори да преживее среде снежната виулица. Книга пишувана од перспектива на тинејџерка која е на границата помеѓу двата света, беспомошно набљудувајќи го страдањето на саканите и нивната борба за живот.
Колку мига се потребни за да се продолжи тогаш кога тоа е невозможно? Фин мора да продолжи по својот пат, но како кога нејзиното семејство е уништено? Тешко е да се биде мртов и да се гледа како светот продолжува без тебе. Уште потешко е да се биде беспомошен кога гледаш дека твоите најблиски не можат да го направат тоа.
Болна приказна за храброста да се донесат правилните одлуки во мигот кога животот ти виси на конец.
„Ликовите и нивното закрепнување се емотивно претставени, како и реалноста на надежниот крај. Читателите на семејни драми ќе бидат воодушевени.“ Буклист
Сузан Редферн е американска авторка позната по бестселерите „Нани, нани, бебенце“, „Необичен живот“, „Во еден миг“, „Хадли и Грејс“, „Талиесин – Избор/Судбина“, прва книга од најавената трилогија „Талиесин“.
Редферн живее во Калифорнија уште од 15 години. Завршила Политехнички универзитет. Работела како копирајтер, менаџер за маркетинг, графички дизајнер, а денес е архитект за домување и комерцијални објекти. Заедно со сопругот е сопственик на два ресторана на Лагуна Бич. Во својот роден град е избрана за амбасадор на литературната сцена, со цел да го шири влијанието на пишаниот збор.
Во книжевноста дебитира во 2013 година, веднаш го привлекува вниманието на читателите на критиката и добива повеќе награди и признанија. Нејзините книги долго време остануваат на листите на најпродавани книги на Амазон и Гудридс.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам