×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Роберт Музил


Роберт Музил (роден во Клагенфурт, на 6 ноември 1880 – починат во Женева, на 15 април 1942 ) — австриски писател со филозофска ориентација. Неговиот незавршен роман Човек без својства (германски: Der Mann ohne Eigenschaften) се смета за еден од најважните романи на дваесеттиот век.

Првата книга на Роберт Музил е романот „Заблудите на питомецот Терлес“ (германски: Die Verwirrungen des Zöglings Törless) бил објавен во 1906 година. Овој роман е првата уметничка проекција на Фројдовата психоанализа во германската книжевност.Во 1911 година, тој ја објавил збирката со два расказа со тема од брачниот живот, со наслов „Соединенување“ (германски: Vereinigungen), како и есејот „Непристојното и болното во уметноста“ во 1918 година. Во 1924 година ја објавил книгата „Три жени“, а во 1933 година го објавил зборникот на есеи „Заоставнина по животот“ (германски: Nachlass zu Lebenszeiten). Во тоа време, тој веќе работел на романот „Човек без својства“ кој е дно од големите ремек-дела на европската литература на 20 век. Делото претставува мајсторски изградена смеса од роман, есеј, политичка сатира, историска хроника и филозофска расправа и токму поради тоа претставува вистински интелектуален предизвик за секој читател, но исто така и неизбежна лектира за секој сериозен познавач на книжевноста. Музил работел на романот во текот на една деценија, од 1933 до неговата смрт во 1942 година. Првиот том се појавил во 1930 година, а две години подоцна бил објавен и вторито том. Романот е монументален и по обемот на страниците, бидејќи содржи над 1700 страници, но тој продолжил и понатаму да работи на делото, кое останало недовршено, иако дополнителниот материјал од 700 страници бил посмртно објавен во 1943 година, како трет том.