| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Романот „Поматувањата на воспитаникот Терлес“ е прв роман на Роберт Музил, објавен 1906 година. Во него се опишани доживувањата на младото момче Терлес, кое е испратено на школување во еден австриски интернат, каде се соочува со сите круцијални езгистенцијални, морални, сексуални прашања, дилеми и проблеми, со кои се судира еден млад адолесцент. Иако романот без многу „грижа на совест“ можеме да го наречеме билдунгсроман или квир роман, секое „ставање во фиока“ би било редуктивно. Комплексноста на делото на Музил се состои во оригиналноста и острината на неговиот стил. Диференcирачката психологија на опсервациите на писателот продира до најдлабоките слоеви на човечката душа, за да ги регистрира и нејзините најмали реакции со ретка видовитост.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам