| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Сепак има некаков ред во животот. Некаква чудесна, непредвидлива рамнотежа во космосот и во нашето божествено постоење. Не си бил заборавен, само неподготвен.
Сè уште верувајќи во праведност, Ела се соочува со најголемите загуби – своето бебе и својата чест. Кога светот ѝ се руши, таа мора да избере: да молчи или да се соочи.
Во свет во кој премолчувањето се наградува, а вистината се казнува, љубовта на Ела кон Адонис е единствената сила што ја тера да оди против сите. Но дали таа ќе биде доволна за да ја победи неправдата на своето работно место и огорченоста од валканите игри? Дали ќе успее да го надмине стравот од нова загуба? И дали од оваа бура обајцата ќе излезат целосни и среќни?
Од Скопје и „Партизанска“ до европските градови, Кикладите и Сирос во Грција – со овој роман патуваме надвор и внатре. Надежна и нежна приказна за лекување на душата што се соочила со безброј болки и со неправедно гризење на совеста. Но и за една водилка која секоја борба ја прави возможна и ѝ дава смисла. Роман за храброста и љубовта што нè учат дека секогаш може одново да се почне.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам