Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Маџунков создава роман-историска фреска клучен за нас и таков досега несоздаден; роман во кој се резимира историското ходочастие на Македонија еве повеќе од два и пол милениуми опстојување на балканските простори. Напишан во поетиката на енциклопедискиот реализам како органско проникнување на реалното и имагинативното на белетристичкиот и есеистичкиот дискурс на поезијата и хуморот Кон другата земја е прв македонски енциклопедиски роман и затоа еден меѓу неколкуте од најстварните и највистинитите што сме ги создале и тоа во целост: и во историска и во духовна и во естетска смисла.
Овој роман естетски блика не само од една ретка речиси ингениозна дарба – толку нè привлекува со својата убавина со својата уметничка и естетска сугестивност – туку и од една речиси фрапантна ерудиција која нè обзема токму со својата филозофска сеопфатност и длабочина.
Посебна речиси волшебна приказна на овој извонреден и голем роман е неговиот јазик. Маџунков навлегува во неговите темни и недокосливи исконски длабочини. Во тој јазик низ неговите вени и жили како да тече крвта на народот. Затоа македонскиот јазик е кај него толку пагански слободен и подмладен.
Митко Маџунков во својот исклучителен роман плови со радарска точност низ столетијата и епохите откривајќи ја историската егзистенција на овој народ и осмислувајќи ги сите оние судбински нешта што ја прават оваа земја таква каква што е, кревајќи ја од приземноста кон небесата, од ништожноста кон ѕвездите.
Георги Старделов
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам