Итаф Рам е современа палестинско-американска романсиерка. Родена е на 8 мај 1989 година, во њујоршката населба Бруклин. Нејзините родители пораснале во бегалски камп во Палестина пред да емигрираат во САД. Воспитана во традиционален дух, таа рано се омажила, по што се преселила во Северна Каролина, каде што на 19 години ја родила својата ќерка, а по две години младото семејство добило и син. Растејќи ги децата, на Државниот универзитет во Каролина студирала англиски јазик и литература, филозофија и американска и британска книжевност.
Нејзиниот прв роман Жената не е маж (2019) е слика на нејзиниот личен живот, но и на животот на арапската жена, осудена да го поминува безгласно во домот, грижејќи се за децата и семејството.
Итаф Рам живее во Северна Каролина, пишува и работи како професор по книжевност и инструктор по јога.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам