×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Луна

Луна

Винка Саздова


Издавач: ТРИ
Автор: Винка Саздова
ISBN: 9786082304045
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
250 ден.

„Што сакаш всушност да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.
„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“ признав.
„Со никого не се гледаше ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор нели?“ го повиши гласот.
„Да да“ промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“

Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.

Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.

Винка Саздова

Винка Саздова

Винка Саздова е родена на 10 август 1956 година, во Стрезовце, Република Македонија. Има завршено Филозофски факултет во Скопје, на Катедрата по психологија. Била новинар во Културната редакција на дневниот весник „Вечер“ и уредник за култура во „Република“.

Работела како соработник во издавачката куќа „Култура“, а потоа како директор и главен уредник на ЗУМПРЕС. Во 1999 година го основа Издавачки центар ТРИ и во следните десет години е негов главен уредник.

Од 2009 година се посветува на пишувањето и оттогаш ги има објавено романите Последниот чај (2009), Полиња со диви нарциси (2011), Понекогаш доаѓа среќа (2013), Луна (2015) и Вилино (2019). Уште со првиот роман создава своја читателска публика, а нејзините книги досега се објавени во над 35 изданија. Последниот чај е воедно најуспешниот роман на Издавачки центар ТРИ со 14 изданија, а преведен е и на српски, хрватски и бугарски јазик.

Двапати е прогласена за најчитан автор – во 2012 година од НУБ „Св. Климент Охридски“, а во 2014 година од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Живее и твори во Скопје и Охрид.

Види повеќе