| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Дванаесетгодишната Меги неочекувано дознава за необичната дарба на својот татко Мо – кога чита наглас, тој ги оживува ликовите од книгите. Една дамнешна вечер тој толку вдахновено ѝ читал од Срце од мастило што неколку негативци од книгата влегле во нивниот живот. А потоа Мо открива нешто уште пострашно – во мигот кога ги „исчитал“ злобниот Каприкорн и неговиот помошник, во книгата ја „вчитал“ Мегината мајка!
Опкружени со своите книги, Меги и татко ѝ не ни сонуваат дека наскоро од корен ќе се променат нивните животи. Каприкорн со години трага по книговезецот Мо сакајќи да ја искористи неговата дарба за остварување на своите мрачни цели. А кога ќе успее да го киднапира, Меги и нејзините реални и измислени пријатели тргнуваат во авантура за каква што дотогаш само читала во своите книги – за да го спаси саканиот татко и да ја затвори последната страница од магичната книга.
Безвременска приказна за книгите, имагинацијата, животот. Би се осмелиле ли да ја прочитате наглас? Гуд ридс
Неверојатна приказна попрскана со малку волшебна прашина. Њујорк тајмс
Корнелија Функе е германска писателка, позната по своите многубројни, наградувани книги за деца, кои насекаде низ светот имаат статус на вистински бестселери.
Функе е родена во Дорстен, во 1958 година. Студирала педагогија и работела во неколку социјални центри пред да почне да пишува и целосно да се посвети на писателската кариера. Уште со првите романи, објавени во осумдесеттите години на минатиот век, ги стекнала симпатиите на младите читатели во Германија, а вистинска слава достигнала со романот Господарот на крадците, објавен во 2000 година. Подоцна, со трилогијата Срце од мастило (2003 – 2008), стекнува светска слава и важи за една од најпочитуваните авторки на литература за деца. Нејзините книги се подадени во над 20 милиони примероци.
Денес Функе живее во САД. Во својата библиографија има повеќе од 40 книги, сите посветени на децата и тинејџерите.
Види повеќе
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам