×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Цариградски емигрант

Цариградски емигрант

Луан Старова


Издавач: ТРИ
Автор: Луан Старова
ISBN: 9786082306667
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
250 ден.

„Емиграцијата се открива во сите свои протибречности и  величественост – како мака и како спац, како сакана и како возбуда, како стигма и како привилегија, за да се кристализира коечно во неспоредливо чувство на метафизичкиот копнеж (...)

Токму во таа и таквата  метафизика на емиграцијата,  емигрантскиот копнеж трепери, проблеснува и добива конкретни контури во романот Цариградски емигрант. Со тоа Луан Старова се промовира како еден од најдобрите познавачи и толкувачи на феноменот на емиграцијата како универзална состојба на човечкиот дух.“

Ферид Мухиќ


Со својот најнов наслов, осумнаесетти по ред, Луан Старова на посебен начин ја збогатува својата Балканска сага, чии дела се преведени на дваесетина јазици и од француската книжевна критика се вбројуваат во големите европски романи. И во Цариградски емигрант авторот продолжува да ја следи и толкува емигранската сага на своето семејство, која трае до крајот на XIX век практично до денешни дни...

За богатото дело на Старова пишувале Едгар Море, Морис Дрион, Ален Боске, Василис Василикос, Предраг Матвејевиќ и други. За својата Балканска сага Луан Старова е добитник на повеќе домашни и странски книжевни признанија.

Луан Старова

Луан Старова

Луан Ариф Старова е роден на 14 август 1941 година, во Поградец, Албанија. Од 1943 година живее во Македонија, најнапред во Струга, а потоа во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил на македонски јазик, а дипломирал француски јазик и книжевност. Од 1974 година, по магистрирањето и докторирањето во Загреб, специјализира од областа на француската модерна книжевност на Сорбона во Париз и кариерата ја продолжува како универзитетски професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил амбасадор на СФР Југославија во Тунис и во државата Палестина (со седиште во Тунис), потоа бил и прв амбасадор на Република Македонија во Франција, постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Од 2003 година е член на Македонската академија на науките и уметностите, а од 2012 и нејзин потпретседател. Член е на Медитеранската академија, на Европската академија и почесен член на Албанската академија на науките. Во книжевноста се појавува на дваесет години. Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик. До 1991 година е главно познат по своите есеи, патописи, книжевни студии и преводи. Посебно внимание кај домашната и меѓународната книжевна и културна јавност ќе предизвика со објавувањето на романот Татковите книги (1992), матична книга на една циклична сага именувана од авторот како „Балканска сага“, со досега објавени 19 романи. Романот „Татковите книги“ во 1993 година е прогласен за роман на годината, а досега е преведен на француски, германски, англиски, италијански и турски јазик. Втората книга  романот „Времето на козите“ (1993), добитник на прва награда на Конкурсот за роман на издавачката куќа „Мисла“. Како и првата книга, и овој роман авторот го пишувал на албански и македонски јазик, а досега е објавен на француски, англиски, германски, шпански, италијански, турски, грчки, есперанто, романски, хрватски, полски, бугарски, руски, фински, словенечки и други јазици. Француското издание на овој роман беше номинирано за најдобар странски роман издаден во Франција, за најдобар европски роман, за наградата „Жан Моне“, за наградата „Ангелус“ за најдобар роман објавен на полски јазик од автори од Централна и Источна Европа. Потоа следуваат другите романи од Балканската сага: „Балкански клуч„ (1995), „Атеистички музеј“ (1996), „Пресадена земја“ (1997), „Патот на јагулите“ (2000), „Тврдина од пепел“ (2003), „Балкански жртвен јарец“ (2004), „Ервехе – книга за една мајка“ (2005), „Во потрага по Елен Лејбовиц“ (2008), „Љубовта на генералот“ (2008), „Амбасади“ (2009), „Нови амбасади“ (2011), „Балканвавилонци“ (2014), „Полифонисти“ (2016), „Враќањето на козите“ (2016), „Граница“ (2017), „Цариградски емигрант“ (2019), „Генералот и пеперугата“ (2020) и „Јаничари“ (2020). Повеќето од овие романи се преведени на повеќе јазици. За Балканската сага се напишани голем број критики, книжевни студии, одбранети се дисертации на универзитетите во Варшава, Тирана, Скопје, пишувани се и одбранети магистерски трудови, организирани се промоции во повеќе европски градови. За своето книжевно дело авторот е добитник на државните награди „Климент Охридски“, „11 Октомври“, наградата на Град Скопје „13 Ноември“, Рациновото признание, двапати наградата за прозна книга „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, а за својот роман „Балканвавилонци“ е добитник на наградата на „Утрински весник“ за роман на годината. Добитник е и на престижното и највисоко француско признание Командант во редот на уметностите и книжевностите и на еден од најголемите француски ордени – Офицер на Националниот ред на Легија на честа.

Види повеќе