×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Мичико Аојама


Мичико Аојама е родена во 1970 година, во префектурата Аичи, Јапонија. По завршувањето на универзитетот, две години работи како новинар за јапонски весник во Сиднеј, пред да се врати во Јапонија и да почне да работи како уредник на списание во издавачка компанија во Токио. Нејзиниот прв роман Какао во четврток ја освои книжевната награда „Мијазаки“. Нејзиното друго дело, Приказната на мачката под дрвото, го освои литературното признание „Тенриу“. Автор е и на делата Центар за информации Камакура Узумаки, Бог е на смена сега, Кафулето Понеделничка мача, Мојот подарок, Обичен четврток, Во месечевата шума и Црвено, сино и скица. Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотеката беше во финалниот избор за Наградата на јапонски книжари и стана јапонски бестселер. Преведена е на повеќе од петнаесет јазици. Живее во Јокохама, Јапонија.