×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Тошиказу Кавагучи


Тошиказу Кавагучи е јапонски драматург, во книжевниот свет прославен со својот прв роман „Пред да се излади кафето“.

Роден е во Осака, во 1971 година. Ја формирал театарската група „Соник снејл“ (или „Полжавот Соник“).  Како драматург е познат по драмите „Пар“ (Couple), „Песна на зајдисонцето“ (Sunset Song) и „Време за семејството“ (Family Time).

Романот „Пред да се излади кафето“ во 2017 година е номиниран за Книга на годината во Јапонија, а неговата драмска верзија ја добива Големата награда на драмскиот фестивал во Сугинами (Suginami Drama Festival grand prize). Во 2018 година книгата доживува и филмска адаптација во режија на Ајуко Цукахара.

Со оваа своја прва книга Кавагучи станува претставник на магичниот реализам во Јапонија. Истовремено, таа е и огледало на неговите театарски вештини. Засега е преведена на 34 јазици, но со ширењето на славата на овој современ писател низ светот, овој број постојано се зголемува.