| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Сеќавањето е лукава работа, се криви и извртува. Но хартијата и мастилото ја добиваат непристрасната вистина.
Кога реката Кенебек замрзнува заробувајќи еден човек во мразот, Марта Балард е повикана да го прегледа телото и да ја увиди причината за смртта. Како посветена бабица и исцелителка, таа знае сè што се случува зад затворените врати во Халовел.
Неколку месеци претходно ги документирала деталите за силувањето од двајца видни граѓани, од кои едниот сега е замрзнат. Ќе успее ли да ги докаже шокантното злосторство и убиството – со нејзиниот дневник во кој ги засведочува секое раѓање и секоја смрт, сите злосторства и казни во гратчето?
Овој мудар и слоевит роман за една извонредно храбра жена од крајот на 18 век, која оставила неспоредливо наследство, го тргнува превезот што ја сокрива вистината пред очите на правдата.
„Марта Балард не е само бабица од Мејн која никогаш не изгубила пациент. Таа е поборник за вистината и говорник за правда во време кога жените не можеле ни да сведочат на суд. Магична приказна со хероина од вистинскиот живот.“
Пипл магазин
Ариел Лохон е една од најпродаваните авторки на Њујорк тајмс на историска фикција, одлично оценета од критиката. Нејзините книги се преведени на повеќе јазици и редовно се наоѓаат меѓу најдобрите и најчитаните во повеќе избори. Живее на падините од периферијата на Нешвил, Тенеси, со сопругот и четворицата синови.
Други нејзини романи се Кодно име Хелен; Кога имавме крилја; Бев Анастасија; Летај или сонувај; Пречки за влез; Сопругата, слугинката и љубовницата.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам