Хајс Вилбринк (1984) е холандски писател, поткастер и панк-пејач од Холандија. По распаѓањето на неговиот бенд „Tenement Kids“, прави една година пауза и со својата холандско-македонска сопруга Арја Мари се преселува во Охрид, каде што ги пишува првите поглавја од дебитанскиот роман „Ѕверови“. Книгата стана бестселер во Холандија и беше номинирана за седум книжевни награди, од кои освои две. Романот е преведен на шпански, германски, а сега конечно и на македонски.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам