Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Пишувам само затоа што во мене има глас што не сака да мирува.
Единствениот роман на поетесата Силвија Плат е објавен под псевдонимот Викторија Лукас, еден месец пред да го заврши својот живот. Тој е обид да го промисли својот живот преку зборовите, зашто за неа пишувањето отсекогаш значело создавање, измислување нов и поинаков свет. Но тој е и обид да се издигне над суровата реалност обележана од осаменост и отуѓеност, над стравот од ненаоѓање на вистинските зборови и сомневањето во сопствениот гениј, кои полека ѝ ги сушат имагинацијата и творечкиот дух.
Плат не раскажува само за најтешкиот дел од сопствениот живот туку и за сите нас – обележани од болка и недостиг, од мечти и мали радости. Нејзината хероина е слика за човекот застанат пред амбисот на својот живот, соочен со суштинските прашања: Што направив? Кој сум јас? Како се случи да се изгубам на својот пат?
Полн со рационално лудило, хумористични и вознемирувачки подеми и падови, „Стакленото ѕвоно“ е безвременска слика на човековата состојба. Колку и да е таа трагична, сепак Силвија Плат ја обојува со неопходен поттик. „Животот е трка на двесте метри со пречки“, вели таа во својот дневник. „А пречките треба да се прескокнат.“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам