| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Јас сакам да верувам: човекот е роден за љубов и револуција!
Моќен роман за неопходноста човек да се снајде во новите времиња, кога мора да го напушти дотогашниот живот, а на хоризонтот нема ништо друго освен сонце што заоѓа.
Преку емотивно раскажаната приказна на Казуко, го сведочиме пропаѓањето на едно аристократско семејство во повоена Јапонија. Во свет кој ги губи своите вредности, секој на свој начин се бори со поразот и осаменоста. Мајката се разболува, братот потонува во зависност, а Казуко се обидува да најде љубов и смисла во општество што не нуди прифаќање. Нејзината револуција почнува со чудната љубовна врска со некогаш популарниот писател Уехара.
Мал по обем, но богат со живот, со настани и симболи – болест и смрт, преселба во куќичка на ридот, змија што демне од под каменот, несвесно предизвикан пожар – „Сонце што заоѓа“ е вистинско ремек-дело во кое се спојуваат немоќта и волјата за живот, смртта и љубовта. Во светот што се распаѓа, притисната со страв и бессилие, младата Казуко сепак наоѓа сили да ги надмине границите на својата класа и да стане симбол на новиот живот.
Осаму Дазаи (1909 – 1948) е еден од најпознатите јапонски раскажувачи, кој се вбројува меѓу значајните книжевни фигури на 20 век. Неговите длабоки психолошки дела, кои се одликуваат со длабока анализа и преиспитување на природата на човекот и општеството, ги носат во себе и западните тенденции, видени низ призмата на традиционалната источна култура.
Роден е под името Шуџи Цушима, како осмо преживеано дете на богат земјопоседник во Кангаи. Неговото семејство било образовано, па имал домашни воспитувачи и уште во детските денови се запознал со европската книжевност, со репродукции на делата на модерните сликари и скулптори. Во април 1923 година се запишал во средното училиште „Аомори“, а потоа студирал книжевност на Универзитетот „Хиросаки“. Во тоа време редактирал редица студентски написи и заедно со неколку свои пријатели го издавал списанието „Саибо бунге“ („Литературен кружок“).
Во 1933 година, објавувајќи го расказот „Воз“, првпат се потпишува со псевдонимот Осаму Дазаи. Тоа бил и негов прв обид да пишува во автобиографски стил, во прво лице еднина, што ќе стане негов препознатлив знак. Од истата година е и расказот „Сеќавање“, подоцна вклучен во збирката „Доцни години“ од 1936 г., која ќе биде номинирана за престижната награда „Акутагава“. Во следните години ги објавува кратките романи „Трчај, Мелос!“ (1940), „Новиот Хамлет“ (1941), „Цугару“ (1944), „Вилоновата жена“ (1947).
По неколку неуспешни обиди за самоубиство, чувството на вина станува една од неговите главни теми што го обележува последниот период од неговото творештво. Тогаш ги пишува и делата чии преводи се најпознати на Запад: „Сонце што заоѓа“ и „Сè помалку човек“, и двете од жанрот автобиографска фикција која го буди интересот за неговиот личен живот. Разочарувањата од факултетот што не успеал да го заврши, несреќите и апсењето поради членството во забранетата Комунистичка партија, неуспешните љубовни врски и самата тежина на времето во кое живеел, резултирале со извонредни дела кои се поблиску до творештвото на Достоевски и Пруст отколку до авторите од јапонската книжевна традиција.
„Сè помалку човек“ е последниот роман на Дазаи, во времето кога веќе бил тешко болен од туберкулоза. Посветен на агонијата на отуѓениот човек, тој ги претставува сите негови идеи, разочараноста од личниот живот и од промените во општеството, како и отуѓеноста од и во светот. Сето тоа е умешно сумирано во главниот лик, кој верува дека не заслужува да биде сметан за човек. Наскоро по завршувањето на романот, на 13 јуни 1948 година, се самоубил заедно со Томие Јамазаки, жената со која ја поминал последната година од својот живот. Нивните тела биле пронајдени во реката дури по шест дена, на 39. роденден на Дазаи.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам