×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Папокот на светот

Папокот на светот

Венко Андоновски


Издавач: ТРИ
Автор: Венко Андоновски
ISBN: 9786082304953
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
360 ден.

ЧЕТИРИНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА КУЛТНИОТ РОМАН НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ

Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В., на кој се
надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот), книгата
„Исход“ и книгата „Светлина“ (Записите од дневникот), по кои следува поговор
од книжевниот теоретичар Венко Андоновски. Првата книга напишана на
псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој
вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во
„Дневникот“, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги
пресликува случувањата од првиот дел.

Венко Андоновски

Венко Андоновски

„Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот [Папокот на светот] може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Автор е на вкупно 35 книги на македонски јазик од најразлични жанрови. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е и на наградата „Свети Климент Охридски“ за образование. Како писател, Андоновски е автор на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 4 романи, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм.  Повеќекратен добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Југра“ (руска меѓународна награда за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“), како и на наградата „Петар Кочиќ“ за српското издание на романот Вештица. Во 2018 година беше номиниран, со 33 светски писатели (меѓу кои и Нобеловци) за Толстоевата награда („Јасна полјана“). Тој е првиот Македонец што доби меѓународна книжевна награда по осамостојувањето на Македонија („Балканика“). Еден од најчитаните македонски автори во Македонија во последниве две децении. „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Еден од најизведуваните драмски писатели во последниве дваесет години во Македонија. Кандид во земјата на чудата беше на репертоарот на „Драмски“ цели седум години, со над сто изведби. За француското издание на неговиот роман „Вештица“, Милан Кундера, откако ќе го спореди Андоновски со Херман Брох и Карлос Фуентес, ќе напише: „Вештица е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Ве молам прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува“. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски… Автор е на осум книги од областа на теоријата на книжевноста и културологијата. Приредил и две антологии на македонската поезија (македонско-српска и македонско-англиска). Автор е и на една двојазична (македонско-англиска) ексклузивна монографија за културата на Македонија, Зеницата на Македонија. Автор е на два учебника по литература за средното образование.

Член е на ДПМ и Македонскиот ПЕН центар и дописен член на МАНУ.

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

  • Прва награда за роман на „Зумпрес“ (за „Азбука за непослушните“, 1994)
  • Роман на годината на „Утрински весник“ (за „Папокот на светот“, 2000 г.)
  • Наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“, 2000)
  • Најдобар драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2009
  • „Петар Кочиќ“ за „Вештица“, 2011
  • „Стале Попов“ (за „Ќерката на математичарот“, 2013)
  • Руската меѓународна награда „Југра“ (за „Папокот на светот“, 2014)
  • „Рациново признание“ (за „Припитомување на кучката“, 2019)
  • „Ванчо Николески“ (за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“, 2021).
Види повеќе