Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Цукуру Тазаки има четворица најдобри пријатели. Секој од нив во своето име содржи боја. Сите, освен Цукуру. Нивното пријателство е толку интензивно, искрено и силно што изгледа речиси нескршливо. Сè до еден ден. Ден кога се прекинува грубо и одненадеж. Кога тие му соопштуваат дека не сакаат да го видат, или да зборуваат со него, никогаш повеќе... Оваа случка толку го погодува Цукуру што му го менува неповратно животот. Оттогаш минуваат години, безбојни и испразнети, сè додека не ја сретне Сара, која ќе го поттурне во едно необично, од животно значење, патување. Роман за љубовта, пријателството, болката која трае. Исклучителна приказна за младото момче прогонувано од огромна загуба, за соништата, кошмарите и за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, нивните битки и премрежија, ова е роман кој хипнотизира. Безбојниот Цукуру Тазаки... не е книга за еден ден, ова е книга која го обојува животот на секој читател, засекогаш!
Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски писатели, е роден во Кјото (Јапонија) во 1949 година. Мураками е култна фигура на современата литература, особено значаен за постмодернизмот и магичниот реализам на новото време. Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, најзначајната меѓународна награда за овој жанр – наградата за кратка проза „Френк О’Конор“, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.
Досега ги објавил романите: Флипер (1973), Слушај ја песната на ветрот (1979), Авантура околу овцата (1982), Сварена земја на чудата и пропаста на светот (1985), Норвешка шума (1987), Играј, играј, играј (1988), Јужно од границата, западно од сонцето (1992), Хроника на птицата што го навива часовникот (1994), Спутник љубов (1999), Кафка на брегот (2002), Длабоко во ноќта (2007), 1Q84 (2009), Убиството на командантот (2017); книгите со раскази: Повторен напад на пекарницата (1993), По потресот (2000), Прво лице еднина (2021), документарната книга Метро (1997/98) и во областа на нефикцијата, во 2007 ги пишува своите мемоари за трчањето – За што зборувам кога зборувам во трчањето (2007).
На јапонски ги преведувал Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Селинџер и други американски писатели, а неговите ракописи се преведени на над педесет јазици. По повеќегодишни периоди поминати во Америка и Европа, сега живее во Јапонија, а работи како професор-гостин на Универзитетот Принстон, Тафтс и Харвард.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам