| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА
По три децении служба во Дарлингтон хол, батлерот Стивенс тргнува на заслужено патување низ земјата, и наедно во службена посета на својата некогашна колешка, г-ца Кентон. Во текот на патувањето размислува за својата дотогашна кариера, за да си потврди дека преку службата на еден „голем џентлмен“ му служел на човештвото. А спроти средбата со госпоѓица Кентон, го преиспитува нивниот однос во кој се насетувало нешто повеќе од колегијалност... Но во неговите спомени демнат сомнежи за вистинската природа на „големиот“ лорд Дарлингтон кому му служел, и уште поголеми сомнежи во сопствените избори и пропуштени можности.
На крајот од денот е маестрален психолошки портрет на еден совршен англиски батлер од златната доба која бледнее на прагот на повоена Англија. Напишан на префинет стил од перото на Казуо Ишигуро, ова е трогателен и моќен роман за вистинските вредности и за суштината на човековата среќа.
Казуо Ишигуро (1954) е англиски прозаист, романсиер, филмски сценарист, текстописец, добитник на Нобеловата награда за литература. Роден е во Нагасаки, од каде што семејството во 1960 г. се преселило во Гилфорд, Англија, за да може татко му, по професија океанограф, да работи на развивање на нафтената индустрија во Северно Море. Казуо го посетувал основното училиште „Стотон“, а потоа Околиското училиште „Вокинг“ во Сари. Потоа една година патувал низ Америка и Канада, водејќи дневник и праќајќи демоснимки до дискографските куќи. Во 1974 година започнал да студира на Универзитетот „Кент“, во Кентербери, каде што во 1978 година дипломирал англиски јазик и филозофија. На Универзитетот во Источна Англија докторирал по креативно пишување во 1980 година. Во 1982 година добил британско државјанство. Освен Нобеловата награда за литература, што ја добил во 2017 година, Ишигуро е закитен со многу признанија и награди. Во 1986 г. ја добива престижната награда „Витбред“ за романот „Уметник во свет што лебди“, во 1995 г. Орденот на Британската Империја, а во 1998 г. и францускиот Орден на уметноста и литературата. Ишигуро бил застапен во првите две антологии „Гранта, најдоброто од младите британски романсиери“ во 1983 и во 1993 година. Романите „Уметник во свет што лебди“, „Кога бевме сираци“ и „Никогаш не оставај ме“ влегуваат во најтесниот избор за Букеровата награда, што ја добива во 1989 г. за романот „На крајот од денот“. Списанието „Тајм“ го вбројува романот „Никогаш не оставај ме“ меѓу 100 најзначајни романи на англиски јазик од своето основање, а во 2008 година го рангира Ишигуро на 3. место меѓу „50 најголеми британски писатели по 1945 година“. Освен на споменатите, автор е и на романите „Блед поглед кон ридовите“ (1982), „Без утеха“ (1995), „Закопаниот џин“ (2015), „Клара и сонцето“ (2021), како и на „Три раскази“(1981), „Семејна вечера“, расказ од 1982 г., „Мрачно село“ од 2001, „Ноктурна: пет приказни за музиката и квечерината“. Во негово коавторство се четири од песните на албумот на Стејси Кент од 2009 година. Самиот себеси се опишува како сериозен филмофил и голем поклоник на Боб Дилан.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам