×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Јагода Михајловска-Георгиева


Јагода Михајловска-Георгиева (3 март 1953 година) живее во родното Скопје и во Маврово. Професионалниот век го има поминато како новинар, филмски критичар и есеист во пишаните медиуми и уредник во Телма телевизија. Автор е на серија телевизиски патописи за Бомбај и за Гоа во Индија, Катманду и Хималаите во Непал. Ги има објавено книгите: „Мојата кожа“ (збирка раскази), „Момчето Молња“ (роман), „Огледала – лудо билје“ (есеи), „Игбал, мојата тајна“ (роман), „Каменот од Твојот ден – хималајска приказна“ (роман), „Индиго Бомбај“ (роман), „Дрско црвен кармин“ (збирка раскази). Добитник е на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга во 2005 г. („Каменот од Твојот ден“), на наградата „Роман на годината“ за 2008 г. на „Утрински весник“ („Индиго Бомбај“), на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобра прозна книга за 2017 г. („Манастир Фуентерабија“), како и на повеќе награди за краток расказ.