×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Момчето Молња

Момчето Молња

Јагода Михајловска-Георгиева


Издавач: ТРИ
Автор: Јагода Михајловска-Георгиева
ISBN: 9786082304038
Жанр: Основци (до 10 год.)
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
300 ден.

– Кој си ти?
– Јас?! Мене ме прашувате
– Да тебе.
– Какво прашање! Па јас сум момчето Молња!
– Што бараш меѓу кориците на оваа книга?
– Овде сум за да ви раскажувам.
– Што ќе ни раскажуваш?
– За себе за... Е многу сте љубопитни!
– Кажи ни кажи ни!
– Прочитајте ја книгава и сè ќе дознаете.
– Да не е здодевна?
– Мислам дека не е. Но почнете и сами уверете се.

Има одвај десет години, духовит е, шармантен, чувствителен, прониклив, љубопитен, со бујна фантазија и со авантуристички дух. Таков е и неговиот роман – засмева, растажува, замислува. Забавнаи возбудлива е дружбата со него. Јунаците, местата и настаните се автентични, нема случајни сличности. Раскажувајќи ја својата вистинска приказна, момчето Молња извикува:

– Еј, мајки и татковци, баби и дедовци, внимание ,молам! И ние вас ве растеме додека пораснуваме. Сте забележале? Да? Не? Можеби? Проверете. Ако внимателно нè погледнете, и себе појасно ќе се видите. Така полесно ќе се разбираме.

Момчето Молња, роман за деца и за родители, од авторката на Каменот од Твојот ден (Рациново признание за 2005), Индиго Бомбај (Роман на годината на „Утрински весник“ за 2008), Дрско црвен кармин...

 

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева (3 март 1953 година) живее во родното Скопје и во Маврово. Професионалниот век го има поминато како новинар, филмски критичар и есеист во пишаните медиуми и уредник во Телма телевизија. Автор е на серија телевизиски патописи за Бомбај и за Гоа во Индија, Катманду и Хималаите во Непал. Ги има објавено книгите: „Мојата кожа“ (збирка раскази), „Момчето Молња“ (роман), „Огледала – лудо билје“ (есеи), „Игбал, мојата тајна“ (роман), „Каменот од Твојот ден – хималајска приказна“ (роман), „Индиго Бомбај“ (роман), „Дрско црвен кармин“ (збирка раскази). Добитник е на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга во 2005 г. („Каменот од Твојот ден“), на наградата „Роман на годината“ за 2008 г. на „Утрински весник“ („Индиго Бомбај“), на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобра прозна книга за 2017 г. („Манастир Фуентерабија“), како и на повеќе награди за краток расказ.

Види повеќе