Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело објавено во 2017 година
По многу години во манастир, Тој се размонашува. Заминува во Фуентерабија. И Таа е дојденка таму.Во сè се разликуваат. Заедничка им е само длабоката вманастиреност во самите себе. Преку неа се препознаваат крај Океанот.
Што сè нема внатре, во ќелиите на нивните, нашите сопствени манастири, во зборовите, во молкот. Залуден ли е вечниот копнеж на човекот за прескок над ѕидовите што нè двојат и за потполно спојување со Другиот преку душите... телата?...
Ексцентрична приказна, страсно и возбудливо раскажана од авторката на „Каменот од Твојот ден“ (Рациново признание) и „Индиго Бомбај“ ( Роман на годината на Утрински весник).
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам