Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Некогаш во најмалата книга може да се крие најголема тајна. А најмалиот збор може да крие најстрашна вистина.
„Бела Сама“ е потресен роман за растењето во кој поларизацијата мајка – ќерка, внука – тетка, сопруг – брат, град – село, добро – зло, дете – возрасен, уметност – реалност, љубов – омраза, тело – душа, живот – смрт на автентичен начин се огледува во судбината на Бела Самакоска, која на преминот од детство во младост не само што се соочува со трагични семејни загуби туку и со обид на злоупотреба токму од член на семејството. Ранлива и повредена, Бела наоѓа сили за живот единствено во сопствениот уметнички талент што нахранет со уметничкото наследство од мајка си, блеснува како жар-птица од пепелта на сегашноста.
Женскиот принцип во приказната, растргнат меѓу патријархалноста и еманципацијата, е личен и колективен. Бела Сама е и Бела и Сама, впрочем, како толкумина други девојчиња, девојки и жени кои поминуваат покрај нас со своето бреме што можат да го видат само нашите внатрешни очи. Виолета Танчева-Златева на топол хуманистички начин токму ним им дава право на глас и со тоа ни нуди четиво за промислување, за сеќавање, за поддршка и за дејствување.
Лидија Димковска
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам