| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето економијата политиката безидејноста. На дваесет и пет години преиспитувајќи се себеси и своите корени решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден што го поминуваат заедно девојката исчезнува како никогаш да не постоела фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага и нему единствената надеж да ја најде е едно книжуле со неколку скинати страници со размисли за некаков утопистички остров. Талкајќи по недобројните патишта на Европа Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува иако не знае дали воопшто постои.
Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа. Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве внурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.
Милош Димковски е современ македонски писател и новинар. Роден е на 7.10.1991 година, во Куманово. На пошироката читачка публика ѝ е познат под псевдонимот Евгениј Хоуп.
Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот Општа и компаративна книжевност. Работел како дописник во Културната и во Забавната редакција на „Утрински весник“, како и за неколку портали.
Своите први две дела Димковски ги објави под псевдонимот Евгениј Хоуп. Во светот на книжевноста влезе со романот „Парада на марионетките“, објавен во 2011 година. Во 2017 година го објави „Годините кога научив да летам“, роман за личното искуство од поминатите 30.000 километри со автостоп низ светот. Романот предизвика голем интерес и токму според него Димковски е препознатлив на македонската книжевна сцена. Ова е негов трет роман и прв што го објавува под своето вистинско име.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам