×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




333 Афирмации

333 Афирмации

Катерина Ангеловска


Издавач: Паблишер
Автор: Катерина Ангеловска
ISBN: 9786084569565
Жанр: Домашна книжевност
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
250 ден.

Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Моќ која е посилна од надворешните фактори што влијаат врз нашите животи. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното и тоа благодарение на сопствените потенцијали тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди.

Зар не е фасцинантно да знаете дека вие ја имате привилегијата да создадете свет каков што посакувате?! И тоа – преку своите мисли. Со енергијата на човечката мисла, секој има можност да создаде судбина каква што посакува. Затоа е многу важно да станеме свесни за сопствените мисли. Зашто мислата е енергија, а свесната мисла е насочена енергија. Афирмациите се свесни мисли кои влијаат врз разбистрување на умот и ни помагаат да ја одредиме дестинацијата каде што сакаме да патуваме.

Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла. Бидејќи кога ќе донесете одлука и ќе направите избор – магијата започнува. Вие тоа го заслужувате!

Катерина Ангеловска

Катерина Ангеловска

Види повеќе