×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Милош Димковски


Милош Димковски е современ македонски писател и новинар. Роден е на 7.10.1991 година, во Куманово. На пошироката читачка публика ѝ е познат под псевдонимот Евгениј Хоуп.

Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот Општа и компаративна книжевност. Работел како дописник во Културната и во Забавната редакција на „Утрински весник“, како и за неколку портали.

Своите први две дела Димковски ги објави под псевдонимот Евгениј Хоуп. Во светот на книжевноста влезе со романот „Парада на марионетките“, објавен во 2011 година. Во 2017 година го објави „Годините кога научив да летам“, роман за личното искуство од поминатите 30.000 километри со автостоп низ светот. Романот предизвика голем интерес и токму според него Димковски е препознатлив на македонската книжевна сцена. Ова е негов трет роман и прв што го објавува под своето вистинско име.