×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ехо на слободата

Ехо на слободата

Ана Јовковска


Издавач: ТРИ
Автор: Ана Јовковска
ISBN: 9786082305660
Жанр: Домашна книжевност
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
399 ден.

Ехото доаѓа длабоко однатре и како ефектот на пеперутката стигнува до другиот крај на светот каде некој непознат човек читајќи ги твоите зборови ќе се препознае во нив. На пеперутката ѝ требаат крилјата за да го постигне ефектот на преносливост но зар човекот ги нема? Крилјата на човекот се неговите мисли и зборови. Можеш да ги рашириш до каде што сака твоето срце и до каде што ти дозволува твојата храброст. На крајот сè се сведува на тоа:
Умееш ли да сонуваш за подобар свет?
Умееш ли да леташ високо над произаичното и медиокритетско секојдневје?
Умееш ли да веруваш во луѓето?
Умееш ли да им го отвориш срцето за тие да ти ги отворат своите најинтимни мисли?
Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни?
Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата?

Слободата е МОЖАМ. Слободата е ЖЕЛБА. Слободата е ЉУБОВ.

Интервјуто е повеќе од занает. Тоа е состојба на духот.

Ана Јовковска

 

Ана Јовковска

Ана Јовковска

Ана Јовковска (1982, Скопје) е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, писателка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност и тренер по комуникациски вештини.

Авторка е на неколку книги: „Емотивен талог“ (2022, ТРИ), „Сакам, значи постојам“ (2019, ТРИ), „Ехо на слободата“ (2018, ТРИ), „Пулсот и времето“ (2015, Силсонс/Матица македонска) и илустрираната книга за деца „До небото и назад“ (2021, Едиција Светулка).

Авторка е на над 1.500 интервјуа, 250 текстови – колумни, критики, есеи и научни трудови.

Нејзините почетоци како ТВ-лице се од 1994 година и повеќе од дваесет и пет години континуирано работи во разни електронски и печатени медиуми, анализирајќи ги социо-културните феномени на денешнината. Јовковска е авторка и продуцентка на дебатната емисија „Пулс“, којашто се емитуваше од 2007 година во најгледаните термини на телевизија, за што неколкупати е наградувана за најдобар ТВ-проект во Македонија.

Учествува во голем број истражувања и кампањи од областа на културолошките студии, комуникологијата, медиумското образование и креативните индустрии. Спроведува обуки за комуникациски вештини, јавно говорење, медиумска култура и родова еднаквост.

Активистка и амбасадорка на добра волја е на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни и друго.

Ужива да вози велосипед, не само како рекреативно туку и како еколошко превозно средство.

Рајот го замислува како библиотека полна со книги.

Види повеќе