×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Повратник со две лица

Повратник со две лица

Ивица Челиковиќ


Издавач: Паблишер
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 168
Година на издавање: 2025
Димензија: 12.5 x 19.5 cm
Автор: Ивица Челиковиќ
ISBN: 9786085021307
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
250 ден. 280 ден.

Заштедувате 30 ден.

Порано или подоцна, секој на свој начин се помирува со сознанието дека многу прашања во животот остануваат без одговор, покриени со тишина

Нестор е патник меѓу два света, морнар кој плови меѓу бреговите на вистината и заблудата, љубовта и недостигот, по пат што води кон најтешкото враќање: во самиот себе. По многу години поминати далеку од домот, тој повторно доаѓа во празната семејна куќа. Обидувајќи се да го разбере неразјаснетото загинување на сестра му, ја отвора татковата папка со документи, исечоци од весници, спомени. Решен да ја открие вистината, повторно влегува во лавиринтот од недокажаности, замолчени сведоци и поткупени адвокати, административни пречки...

Со мајсторско испреплетување на реалноста и сонот, на минатото и сегашноста, Челиковиќ создава роман што отвора сериозни морални и филозофски дилеми. Растргнат меѓу копнежот и можноста, вината и искупувањето, Нестор залудно се обидува да најде смисла во сенките на сопствената совест и да се ослободи од тежината на минатото.

Приказна за сеќавањето, за помирувањето со загубата и простувањето, за вечната човечка потреба да се најде светлина во темнината.

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира